Земјотресот во Јапонија предизвика мало цунами без сериозни последици

Јапонската метеоролошка агенција го укина предупредувањето за цунами откако мал бран го погоди северниот брег на земјата. Предупредувањето беше издадено откако земјотрес со јачина од 6,9 степени го погоди брегот на префектурата Ивате.
Агенцијата првично го процени земјотресот на 6,7, но подоцна го ревидираше на 6,9 степени. Американскиот геолошки завод го процени земјотресот на 6,8 степени според Рихтеровата скала.
Јапонските сеизмолози изјавија дека имало неколку последователни потреси со јачина помеѓу 5,3 и 6,3 степени.
Цунамито што ја погоди префектурата Ивате беше толку слабо што експертите не можеа точно да го измерат, соопшти метеоролошката агенција. Првичното предупредување беше за бранови до еден метар, но локалните пристаништа подоцна пријавија бранови до 20 сантиметри.
Претходно во текот на денот, во областа беа регистрирани шест помали потреси, кои едвај беа почувствувани на копно.
– Областа доживува серија сеизмички настани. Постои можност за посилни земјотреси во наредните денови, предупредија експертите од Јапонската метеоролошка агенција.
МИА
Ново на Сител
-

Сончево со мала локална облачност
-

Мицкоски: Филипче е исплашен од исказите на Груби, многу луѓе се загрижени во овој момент
-

Мицкоски: Работиме на случаите со илегална дрога, ќе ја исчистиме државата од политичките криминалци
-

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни
-

Муцунски: Мораме да најдеме решение на предизвикот со Бугарија, но во рамки на нашите принципиелни позиции
-

Брза интервенција на ДПД-Пехчево спречи поголем пожар кај село Црник
-

Радман: Северна Македонија е подготвена и заслужува членство во ЕУ многу брзо
-

Јаневска: Крајно време е универзитетите и општеството да склучат договор дека ќе работат во полза на младите луѓе кои ќе останат да ја развиваат оваа држава
