Земјотреси во БиХ
- Три земјотреси утрово ги вознемирија жителите на Гламоч, но и поширокото подрачје на БиХ и Хрватска, инфомира бањалучкиот весник „Независне новине“, додека читателите на хрватскиот портал индекс.хр од Далмација пишуваат дека мислеле оти се ќе се урне.
Бањалучкиот весник пренесува податоци објавени на страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), според кој првиот земјотрес во 05:33 часот бил со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил 19 километри западно од Гламоч во БиХ.
Другиот потрес со епицентар 22 километри западно од Гламоч бил со јачина од 3,1 степени според Рихтер, и бил регистриран 12 минути подоцна, а третиот земјотрес од 3,3 Рихтери, со епицентар 17 километри западно од Гламоч, го погодил истото подрачје во 05:51 часот.
Хрватскиот портал наведува дека хрватска Сеизмолошка служба објавила оти утрово во Босна и Херцеговина е регистриран земјотрес.
Според читателите на порталот, потресот се почувствувал во Сплит и Каштели.
Ријечкиот весник „Нови лист“ пренесе дека некои места во Загора поради земјотресот останале без струја. ј
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза