-->
-->
Земјотрес во Индонезија, десетина повредени
-->
Десетина лица се повредени во земјотресот што синоќа ја погоди Индонезија. Европскиот-медитерански сеизмолошки центар информираше дека земјотресот бил со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот го погоди островот Јава на длабочина од 25 километри, соопшти индонезиската агенција за геофизика. Не е издадено предупредување за цунами. Локалните власти соопштија дека едно лице починало од инфаркт за време на силниот потрес.
Индонезија се наоѓа во т.н. Пацифички огнен прстен, високо сеизмички и вулкански регион каде што се спојуваат неколку тектонски плочи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при ССК
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите