-->
-->
Земјотрес утрово почувствуван во Македонија
-->
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа во соседна Грција.
Овој земјотрес се случи во 05 часот и 40 минути со Рихтерова локална магнитуда 3.8. Истиот беше почувствуван во југоисточните делови на Македонија со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Од вчера до денеска многу земјотреси се регистрирани на Балканот. Денеска потреси има во Турција, во Италија, како и во Албанија. Во Албанија потресот е со јачина од 2,8 степени.
Регистриран е нов потрес во Грција со јачина од 3,6 степени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
1.118 матуранти неделава повторно на „жешките“ столчиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Премиерот Мицкоски очекува ДИК преку правилник да ги прецизира критериумите и начинот на собирање граѓански потписи за независна кандидатура
-
Охридско лето сцена за најдобрите уметници
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово