-->
-->
Земјотрес со јачина од 6,1 степени ја погоди индонезиската провинција Папуа
-->
Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди утрово провинцијата Папуа во Индонезија, по што неколку минути подоцна следеше последователен земјотрес со јачина од 5,8 степени, соопшти Американскиот геолошки институт.
Два потреси се регистрирани на длабочина од 15 километри, на оддалеченост од 272 километри од градот Абепура, прецизира институтот. Засега нема информации за жртви или предизвикана материјална штета.
Индонезиската метеоролошка и геофизичка агенција предупреди на Твитер за благи афтершокови и ограничени последователни потреси. Индонезија се наоѓа во таканаречениот „Огнен појас“ во Тихиот Океан, каде често се случуваат земјотреси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонските фудбалери вечерва играат против Ерменија
-
Злато и сребро за македонските натпреварувачи на џуи џицу Меѓународен турнир во БиХ
-
Бетербиев нов апсолутен боксерски првак во полутешка категорија
-
Модриќ го прескокна Рамос, пред него само Роналдо
-
МВР: Санкции поради неправилности при вршење јавен превоз со автобус
-
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ само бараат причина за дестабилизација
-
За еден ден три лица каснати од кучиња скитници во Скопје
-
Загина велосипедист во Гостивар