Земјотрес со јачина од 4.8 степени во близина на Света гора
Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтер беше регистриран кусо по четири часот утрово на Света Гора со епицентар во морскиот дел на девет километри северозападно од Кареја.
Земјотресот на третиот крак на Халкидики бил почувствуван во поширокиот регион, а не е причинета материјална штета.
Професорот и претседател на Организацијата за планирање и заштита од земјотреси Ефтимиос Лекас за грчката државна телевизија ЕРТ посочи дека самиот земјотрес не предизвикува загриженост, но од научна гледна точка се загрижени, со оглед на тоа што станува збор за „прилично чуден феномен што опстојува веќе 18 месеци“ и нагласи дека го следат развојот.
-Сеизмичката активност започна на почетокот на 2024 година, досега вклучува над 1.000 земјотреси, од кои девет се поголеми од четири степени според Рихтер. Денешниот е десетти земјотрес со идар од над четири степени според Рихтер. Најголемиот земјотрес беше пред три месеци со јачина од 5,2 степени, објасни Лекас.
Додаде дека станува збор за расед активиран во 2024 година, што уште има енергија, но неговата процена е дека нема да достигне до ниво што е над 5,2 степени.
МИА
Ново на Сител
-
МВР има нови осомничени за хибридни закани врз државата
-
Мицкоски по условната пресуда за Онкологија: Судиите и обвинителите не ги заслужуваат ниту овие плати
-
СДСМ бара оставка од министерката Јаневска, голем број ученици се уште немаат учебници
-
Експерти: Системската корупција останува проблем кој сериозно влијае на безбедноста на државата
-
Тутунарите се надеваат на добри откупни цени на тутунот
-
Повеќе од 5.000 апликации за земјоделски субвенции во Струмица
-
За три месеци 94 сообраќајни незгоди
-
Преглед на вестите од светот