Балкан
6. April 2021 - 12:01

Земјотрес со јачина од 4,6 степени во близина на Петриња

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала повторно ја погоди централна Хрватска.

Околу 11 часот централна Хрватска повторно се тресеше, а според првите информации на ЕМСЦ, земјотресот се случил на 20 километри од Петриња и 65 километри југоисточно од Загреб.

Претходеа два послаби земјотреси - 1,9 и 2,9 според Рихтер.