-->
-->
Земјотрес со интензитет од 4,1 степен според Рихтер ја погоди Анталија
-->
Земјотрес со интензитет од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран денеска во турската медитеранска област Анталија, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер.
Според податоците на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни ситуации, епицентарот на земјотресот бил во реонот на градот Дексмо на длабочина од седум километри. Потресот е регистриран во 11:54 часот по локално време.
Повеќе од 50.000 луѓе загинаа во Турција, а 115.000 беа повредени во двата разорни земјотреси на 6 февруари со јачина од 7,7 и 7,6 степени. Тешко погодена беше и соседна Сирија, каде исто така имаше илјадници жртви.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кина вети стабилни односи со Јужна Кореја по отповикувањето на претседателот Јун
-
САД воведуваат вештачка интелигенција во воената авијација
-
ВМРО-ДПМНЕ: Со 18.000 гласови, Филипче нема легитимитет
-
18-годишник од Штип возел 114 на место каде што дозволено 50
-
Македонските кикбоксери од Европскиот куп „Гранд при Сараево 2025“ се враќаат со 56 медали
-
Малолетничка загина во тешка сообраќајка, уапсен 19-годишен возач на „голф“
-
Мерц: Можно е најлошото допрва да доаѓа
-
Македонија влегува на светските карти за планинарски патеки