Македонија
21. September 2021 - 21:06

Земјотрес со интензитет од 3,6 степени во Албанија почувствуван и во нашата држава

Земјотрес со интензитет од 3,6 степени во Албанија, почувствуван и во југозападните делови од нашата држава.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денес во 16 часот и 04 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 140 км југозападно од Скопје.

-Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.6, а беше почувствуван од населението на нашата Република, особено во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ во Скопје. 

Ново на Сител