Македонија
12. August 2024 - 10:09

Земјотрес почувствуван во источниот дел на Македонија

Слаб земјотрес го разбуди жителите на источна Македонија.

Земјотресот бил со јачина од 2,2 степени по Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил локализиран во близина на општините Пехчево и Берово, на длабочина од околу 10 километри.

Потресот бил почувствуван и во околните населени места, сепак нема материјални штети.