Земјотрес од седум степени ја погоди Алјаска
Земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на јужниот брег на Алјаска, соопшти Американскиот геофизички институт.
Локалните власти издадоа предупредување за појава на цунами.
Претходно, Американскиот геофизички институт соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 6,7 степени.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 41 километар и на оддалеченост од 12 километри од Енкориџ, најголемиот град на најсеверната американска сојузна држава.
По силниот земјотрес уследи послаб потрес.
Засега нема информации за жртви, а причинета е значителна материјална штета.
На Алјаска годишно просечно има по 40.000 земјотреси, а поголемиот број од нив се силни.
На 27 март 1964 година на Алјаска беше регистриран најсилен земјотрес во историјата на САД, со интензитет од 9,2 степени. Епицентарот на земјотресот бил околу 120 километри источно од Енкориџ, а потоа уследи цунами, при што загинаа околу 130 луѓе.
Ново на Сител
-
38-годишна социјална работничка ранета од огнено оружје од лице кое подолго време ја демнело
-
Од март 2012 година во Кочани нема инспектор за заштита од пожари на Дирекцијата за заштита и спасување
-
Приведени две лица, превезувале осум мигранти
-
Тетовчанец физички ги нападнал својата мајка и брат
-
Раководител побарал 13.000 евра мито за дозвола за проект за градење на апартмани
-
Боре Видевски: Немам ништо со убиствата, полицијата ме тепаше по трансплантираниот бубрег, морав да потпишам признание
-
Јанев: Врз гробовите на нашите блиски градите кариери, ја напуштам Левица
-
Субвенција од 1.000 денари за месечната сметка за струја за ранливите потрошувачи