Земјотрес од седум степени ја погоди Алјаска
Земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на јужниот брег на Алјаска, соопшти Американскиот геофизички институт.
Локалните власти издадоа предупредување за појава на цунами.
Претходно, Американскиот геофизички институт соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 6,7 степени.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 41 километар и на оддалеченост од 12 километри од Енкориџ, најголемиот град на најсеверната американска сојузна држава.
По силниот земјотрес уследи послаб потрес.
Засега нема информации за жртви, а причинета е значителна материјална штета.
На Алјаска годишно просечно има по 40.000 земјотреси, а поголемиот број од нив се силни.
На 27 март 1964 година на Алјаска беше регистриран најсилен земјотрес во историјата на САД, со интензитет од 9,2 степени. Епицентарот на земјотресот бил околу 120 километри источно од Енкориџ, а потоа уследи цунами, при што загинаа околу 130 луѓе.
Ново на Сител
-

Во касарната „Гоце Делчев“ постројување на доброволните пожарникари од целата држава
-

Турција одбележува десет години од неуспешниот обид за воен удар
-

СП 2026: Дешан – Многу сме разочарани
-

Лишен од слобода Александар Лазаров кој избега од Полициска станица во Кочани
-

Мицкоски во Глумово, ќе изврши увид на проектните активности за регулација на Сува Река
-

СП 2026: Европскиот првак Шпанија прв финалист на Мундијалот
-

СП 2026: Де ла Фуенте – Пред нас е уште еден чекор
-

САД повторно воведоа блокада на иранските пристаништа, Иран возврати со нови напади
