-->
-->
Земјотрес од пет степени во Егејското Море
-->

Умерен земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Егејското Море во близина на турскиот округ Измир, јави турската телевизија НТВ.
Според податоци на Дирекцијата за справување со несреќи и вонредни ситуации (АФАД), нема податоци за жртви или материјални штети.
Земјотресот се случил на 9,9 километри под површината на морето, со епицентар близу градот Карабурун. Потресот е регистриран во 5:48 часот по локално време и е почувствуван во Измир, Карабурун и уште неколку градови.
Денешниот потрес е дел од серијата афтер-шокови по силниот земјотрес од 6,2 степени по Рихтер, што минатата седмица беше регистриран меѓу грчкиот остров Лезбос и турскиот град Карабурун.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мјузикал „Као какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски - премиерата во мај
-

Преглед на вестите од светот
-

Приведени повеќе лица во акција за даночни измами
-

Премиерот Мицкоски во посета на Кратово
-

СДСМ: Владата го загрозува партнерството со САД и ЕУ
-

Охрид подготвен за Водици
-

Штипското ЈП „Исар“ годишно губи 2,5 милиони евра од загуби на вода
-

Преглед на вестите од светот
