Македонија
19. July 2021 - 8:46

Земјотрес од Албанија ја стресе и Македонија

Дваесет минути по полноќ земјотрес со магнитуда од 3,5 степени по Рихтер од Абанија почувствуван и  во југозападните делови на Република Македонија.

Како што информира Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денес 19 јули 2021 година, во раните утрински часови, 00 часот и 21 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 160 km југозападно од Скопје.

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.5, а беше почувствуван од населението особено во југозападните делови со интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала.