Земјотрес од 5,5 степени по Рихтер ја потресе северна Турција
Земјотрес, кој според првичните информации бил со јачина од 5,5 степени по Рихтер го потресе северот на Турција. Се уште нема информации за штети и можни жртви, освен дека жителите истрчале од своите домови на улица, наведува Асопиејтед прес.
Епицентарот на земјотресот бил во градот Саруханил, во провинцијата Маниса, на длабочина од 9 километри, соопшти владината служба за вонредни ситуации и катастрофи.
Земјотресот се почувствувал во областите кај Измир, Ајдин и Мугле.
Потресот следува само ден по земјотресот кој со 5,4 степени го погоди регионот, а во кој полесно беа повредени петмина луѓе.
Во Турција се вкрстуваат два големи раседи, заради што чести се земјотресите на оваа територија. Во земјотресот во 1999 година, со јачина од 7,4 степени, загинаа повеќе од 17 илјади луѓе на северозападот од земјата.
Ново на Сител
-
Владината програма за 2025 во функција на остварување на стратешките приоритети
-
ИЈЗ: Растат бројките на заболени од грип, но состојбата не е алармантна
-
Македонската зелка нема опасни пестициди
-
Купете си изгубен куфер за 120 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Запрена постапката за организаторите на 27 април - Судот утврди дека и за нив важи амнестијата
-
Вешти лица - Илијевска убиствата ги извршила во афект, стравувајќи за сопствениот живот
-
Грчкото МНР му одговори на Мицкоски - Македонското прашање е решено и дефинитивно