Македонија
25. October 2015 - 19:43

Земјоделска механизација на регионалните патишта

Трактори и друг вид на земјоделска механизација често пати може да се види на регионалниот патен правец од Тетово кон косовската граница, иако таквите возила на регионална сообраќајница не смеат да се движат. 

Во тетовската полиција велат дека со години наназад на пригодни средби со земјоделците им укажуваат дека управување на трактори и слични возила на тој пат е прекршок и подложно на казни.

Во изминатите девет месеци од 2015 година на тетовско подрачје регистрирани се 16 сообраќајни незгоди во кои учествувала земјоделска механизација, што е за седум повеќе од истиот период минатата година.

Kај тракторите и останатата земјоделска механизација полицијата исто така апелира да се проверува техничката исправност како и да се направи соодтвената регистрација.