Земјоделието и младите
Иднината на македонското земјоделство зависи од младите, порачаа учесниците на агро саемот во Струмица
Македонското земјоделие има огромен потенцијал, но без млади земјоделци , овој сектор нема иднина. Државата мора да најде начин да ги задржи младите луѓе на нивите, во спротивно, целиот тој потенцијал може да остане неискористен.
Ова беше една од главните пораки испратени од земјоделците кои учествуваа на петтиот по ред Агро саем во Струмица. Според нив, она што недостасува е долгорочна стратегија за младите, но и визија , каде одиме и што сакаме да постигнеме во следните 10 до 15 години.
Земјоделците признаваат дека, за разлика од порано, денес на располагање имаат повеќе програми за поддршка. Но, главниот проблем што ги демотивира да ги искористат тие средства се долгите и сложени административни процедури.
На петтиот Агро саем во Струмица учествуваа околу стотина излагачи од целата држава, кои го презентираа своето производство, новитети во агротехниката, земјоделска механизација, како и примери за модерно и одржливо земјоделие.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар