Земјоделците од северозападна Грција најавуваат блокади на камионите на ГП Ники од и кон Македонија
Земјоделците од северозападниот дел на Грција, кои вчера одржаа протест на граничниот премин Ники (Меџитлија) кон Северна Македонија, каде што стигнаа со тракторите, имаат за цел да започнат со блокади на границата, но само за камиони, додека пак сообраќајот на автомобил ќе се одвива непречено, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА, според претседателот на земјоделското здружение на Касториа и член на неформалниот комитет за координација формиран од земјоделците, Томас Мосхос целта е од денеска да го блокираат сообраќајот само на товарните возила кои патуваат од и кон Северна Македонија.
Мосхос, преку социјалните мрежи објасни дека овој пат нема да го затворат сообраќајот за автомобили, туку само за камиони, поконкретно за камионите што извезуваат лигнит во соседната земја.
АНА-МПА пишува дека секојдневно, стотици камиони минуваат преку граничниот премин Ники (Меџитлија) кои пренесуваат лигнит од два приватни рудници во Грција за потребите на трите блока на електраната во Битола.
Земјоделците од цела Грција, денеска напладне ќе одржат состанок за да ги одредат нивните следни чекори, а меѓу предлозите се одржување голем протест во Атина, но и блокадите да се префрлат на автопатите и да го блокираат сообраќајот.
Она што е сигурно е дека земјоделците не се откажуваат и велат дека ќе продолжат сè додека Владата не ги исполни нивните барања.
Од друга страна, владиниот портпарол Павлос Маринакис на вчерашниот редовен брифинг со новинарите истакна дека не се разгледуваат дополнителни мерки за поддршка на земјоделците.
Ново на Сител
-
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради ревијална трка
-
ОЈО: Градоначалничката како службено лице да ги посочи парцелите за коишто се сомнева дека има незаконитости
-
Трибина во врска со Оперативниот план 2025 „Визија за промена“
-
Станков: Добрата одлука почнува со точна статистичка анализа, затоа е важно користење на официјалните статистички податоци
-
Учениците полагаат државна матура, МОН и ДИЦ им посакаа успех и очекуваат да помине во најдобар ред
-
Узбуна во автомобилската индустрија, можно е да биде присилена да го запре производството
-
Протести во Бугарија против воведувањето на еврото
-
Интер и ПСЖ во жестока борба за трофејот од Лигата на шампионите