Земјоделците бараат прогласување елементарна непогода за житарките
Да се прогласи елементарна непогода за житните култури на територија на целата држава поради сушата која предизвика намалени приноси на јачменот за 70 и на пченицата за 50 отсто, а обесштетувањето да биде 30.000 денари по хектар, бара Асоцијацијата на земјоделци.
Како што информира денеска на прес-конференција претседателот на Асоцијацијата Ефтим Шаклев, барањето е доставено до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
- Земјоделците не сакаат да имаат привилегии или повластувања, туку сакаат да се утврди фактичката состојба со приносите на житните култури. Бараме комисиите формирани за штетите од градот и поплавите, да ги проценат и штетите од сушата, истакна Шаклев.
Според него, сушата пустоши на македонските ниви, а земјоделците трпат големи штети зашто родот ќе биде десеткуван.
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари