Loading Video...
Свет
12. April 2021 - 16:32

Земјите со највисок процент на вакцинирани го враќаат животот во нормала

Рестриктивните мерки пагаат таму каде што се врши навремена и масовна вакцинација на населението. Велика Британија со речиси 40 милиони вакцинирани со една и 8 милиони луѓе со две дози ги отвори училиштата, продавниците, фризерските салони, теретаните, рестораните и пабовите.

Сосема поинаква слика во ЕУ. Во Франција каде има само 5 проценти на имунизирано насление, во сила е полиски час од 19 со 6 часот наутро, училиштата и продавниците се затворени најрано до 26 април.

Во Италија и Шпанија слична ситуација. Италијанците живеат со полициски час и во зони. Во црвената е затворено буквално се, во портокаловата работат училиштата и продавниците.

Германија која стартуваше бавно со вакцинирањето, последнава недела руши рекорди во имунизацијата. Во исто време се зголемува и бројот на болни. Властите бараат по примерот на Британците да се намали периодот меѓу двете вакцини, но и и да се воведат построги рестрикции. 

Холандија, Полска и Белгија се уште се под строги мерки и полициски час, а Чешка полека се враќа во нормала со враќање на децата во училишните клупи.

Данците кои можат да се пофалат со успешна имунизација планираат дигиталниот вакцинален сертификат да важи за сите од 15 години па нагоре. Со него ќе може да се оди насекаде, од фризерници, ресторани па се до натпревари и концерти.

Мерките се релаксираат и во Грција. Првите гости, 189 туристи од Холандија денска пристигнуваат на Родос, а засега од нив се бара само негативен ПЦР тест.

Во регионот, во нормален живот се враќаат Србија, Словенија и дел од БиХ. Љубљана го укина полицискиот час, во Србија каде денеска пристигна уште 100 000 Фајзер вакцини се отворија и моловите.