Земјите од Г-20 се согласни за опасноста од протекционизмот
САД и другите големи економии од Г-20 ги надминаа несогласувањата за трговијата и се согласија за опасноста од протекционизмот.
Тоа се случи на состанокот во Вашингтон на министрите за финансии на земјите од групата, одржан на маргините на пролетните сесии на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.
Државите од Г-20 не усвоија заедничка декларација, но го изразија својот став преку германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, чија земја е ротациски претседател на Групата, оваа година.
- Протекционизмот би бил штетен за светската економија и за засегнатите економии. На средбата имаше широк консензус по тоа прашање, рече Шојбле на прес-конференција.
Тој нагласи дека 20-те најразвиени земји и земјите кои бележат исклучителен стопански развој се обединиле околу ставот дека слободната трговија е најдобра како за глобалната економија, така и за секоја држава поединечно.
Ново на Сител
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење