Земјите членки на СБ на ОН треба да учествуваат на самитот за Кипар во Женева
Земјите членки на Советот за безбeдност на ОН треба да учествуваат на идната средба на високо ниво во Женева, која ќе има за цел отстранување на клучните пречки пред спогодбата за повторно обединување на Кипар, изјави денеска кипарскиот владин портпарол Никос Христодулидис, цитиран од американските медиуми.
Христодулидис посочи дека земјите членки на СБ на ОН изразиле подготвеност „активно и ефикасно да учествуваат“ на таквата средба на високо ниво и посочи дека тој го очекува нивното учество.
Портпаролот истакна дека Советот за безбедност на ОН треба да ја обезбеди примената на мировниот договор.
Самитот за Кипар, планиран за следниот месец во Женева, е продолжение на конференцијата за Кипар од јануари во Женева, на која учествуваа лидерите на двете заедници на островот, како и министерите за надворешни работи на земјите гаранти на безбедноста на островот - Грција, Турција и Велика Британија.
На самитот следниот месец повторно ќе се разгледа клучното прашање за обезбедување на безбедноста по повторното обединување - прашање кое долго време ги попречува преговорите.
Конференцијата во јануари заврши без постигнување исчекор и надминување на разликите меѓу страните.
Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис во неделата забележа дека новата средба во март повеќе ќе биде за зачувување на преговарачкиот импулс отколку за постигнување целосна спогодба.
Ново на Сител
-
НБ: Нето надворешниот долг до 30 јуни 4,48 милијарди евра
-
Почна монтирањето на новиот топловод под мостот Беласица
-
Поевтинуваат дел од горивата
-
Запленети лекови, мобилни „ајфон 16“, часовници „ролекс“, девизи
-
На респиратор новороденчето чија мајка почина во кумановската болница
-
РКЕ: Грејната сезона почнува на 15 октомври
-
МНР: Нема наши државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан
-
На 4 октомври застарува затворската казна на Груевски за набавката на „мерцедесот“