Земан: Опасноста од тероризмот се приближи до чешките граници

Чешкиот претседател Милош Земан смета дека е наивно да се верува дека не постои поврзаност меѓу тероризмот и миграцискиот бран, јави дописникот на МИА од Прага.
Земан изјави дека опасноста е се поблиску до границите на Чешка.
Верувањето дека нема поврзаност меѓу сегашната миграција и тероризмот, според Земан значи дека се претпоставува оти во бранот на мигранти „не се вклучени и потенцијалните џихадисти, чиј број, се разбира не може со сигурност да се процени, но некои од нив, се докажа дека биле вклучени во нападите во Париз“.
Земан рече и дека сега за Чешка се зборува како за транзитна земја, која терористите ја користат одејќи до западна Европа.
- Се досега, Чешка беше транзитна земја само за терористи, за жал со тоа не смееме да се смириме. Токму организаторите на разни терористички акции ја препорачуваат Прага како безбедна транзитна траса за терористите, вели Земан.
Земан, во својот говор, исто така, го пофали распоредувањето на армијата во мисиите во странство, каде што чешките војници се борат против тероризмот далеку од дома, со цел да се намалат ризиците за напади во Чешка.
Чешкиот премиерот Бохуслав Соботка, реагирајќи на зборовите на Земан, наведе дека терористите претставуваат опасност, но не и бегалците, на кои треба да им се помогне.
Атентатите во Париз, според чешкиот премиер покажуваат колку голема опасност е групата Исламска држава, која принуди огромно мноштво луѓе да ја напуштат земјата.
- Со терористите треба да се војува, миграцискиот бран треба да се регулира уште на границите на ЕУ и на луѓето кои бегаат пред војната треба да им се помогне, додаде Соботка.
Соботка оцени дека терористите треба да се откријат и казнат и ја истакна потребата од воведување на мерки за безбедност и соработка на целата меѓународна заедница, како и приклучување на арапските земји.
Ново на Сител
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Министерката за образование не верува дека има пропусти со извезувањето мозочни ткива во САД
-

Се уште нема приведени за протестите за одземените возила
-

МАНУ анализираше какви кандидати за судии и обвинители ќе се примаат
-

Нов смртен случај од компликации од грип
-

Смарт зелен бран ќе ги чини скопјани 25 милиони денари, Ѓорѓиевски ќе мести и CCTV камери за да се бори со вандалите
-

Ѓорѓиевски: Скопје излегува од финансиски колапс
-

Членовите на УПОЗ ќе одлучат дали понудата на Владата е прифатлива
