Земан ја обвини државната телевизија за провокација кон неговата сопруга
Чешката телевизија (ЧТ) е дел од провокацијата кон првата дама Ивана Земанова и треба да се засрамите, изјави претседателот на Чешка, Милош Земан.
Обвинување за наместена провокација упати и моравско-шлезискиот гувернер Мирослав Новак.
Се работи за инцидентот кој вчера се случи во театарот во Острава, каде на зградата се појави обесено тибетско знаме, а на претставата требаше да присуствува и Земанова.
Наводно, репортерите на ЧТ биле подготвени со микрофони и камера да ја снимаат реакцијата на првата дама кога ќе влезе во салата, каде било подготвувано покажување незадоволство кон чешкиот претседател од присутните. Земанова, на крајот не присуствувала на претставата.
Претседателот Милош Земан веќе неколку недели е главна тема во јавноста заради неговата реакција во врска со посетата на тибетскиот водач Далај Лама во Прага.
Тој јавно беше обвинет дека вршел притисок врз министерот за култура да не оствари средба со Далај Лама и го уценувал доколку тоа го стори дека нема да му ја додели државната награда на неговиот роднина Јиржи Бради, познат публицист и предавач за ужасите на Холокаустот, кој самиот го прежиевал во концентрационите логори во Терезин и Аушвиц.
Многу истакнати политички и општествени личности излегоа во Прага да изразат поддршка за Бради, протестирајќи и критикувајќи го јавно Земан.
- Сметам дека е бедно и подло, во било какви политички спорови да се вклучуваат членовите на семејството, рече гувернерот Новак.
Портпаролот на претседателот на социјалната мрежа Твитер објави фотографија, од која наводно се гледа подготвувањето на провокацијата, бидејќи екипата на ЧТ требала да седи зад првата дама.
- Чешката телевизија (ЧТ) во театарот снимаше навистина, но предмет на нејзиниот интерес беше единствено успешната претстава, а беше снимана и репортажа, изјави портпаролката на ЧТ, Алжбета Пливова негирајќи дека биле присутни и репортери од информативната редакција.
Ново на Сител
-
Во Мексико се одржуваат првите избори за судии
-
Реновирано одделението за систематски преглед во рамки на Институтот за јавно здравје
-
Николоски: Интензивно се работи на три автопатски делници | ВИДЕО
-
Приведена 19-годишна од Гостивар, во возилото е пронајден пиштол
-
Приведен 68-годишен скопјанец, физички ги нападал поранешната сопруга и нејзиниот син
-
Педесет проценти од царините ќе бидат усогласени со Европскиот царински тарифник почнувајќи од 1 јули
-
Денес и вчера приведени 8 возачи за безобѕирно управување со моторно возило
-
Сообраќајна несреќа кај патот Гостивар-Тетово, едно лице загинато и пет повредени