Земан: Антируските санкции стратегија со која сите губат

Претседателот на Чешка Милош Земан изјави дека западната политика на антируски санкции претставува препрека за довербата, оценувајќи дека тоа е стратегија со која сите губат.
- Таквите чекори на ниту еден начин не помагаат во развојот на взаемните односи и ја загрозуваат довербата. Постои израз стратегија со која сите добиваат, како двојна победа. Политиката на санкции би ја нарекол стратегија со која сите губат, вели Земан во интервју за московскиот весник „Росискаја газета“.
Коментирајќи го приливот на бегалци од Блискиот Исток, Земан нагласи дека таквиот судир на културите создава закана за европските вредности.
- Гледам што се случува во Белгија, Франција, Германија и други соседни земји поради приливот на мигранти од Блискиот Исток и северна Африка. Тука станува збор за целосно различна култура, која не е компатибилна со нашите европски вредности, смета Земан.
Проблемот е во тоа што, тврди Земан, ЕУ не е навикната на кризи и не е способна брзо да реагира на нив.
- Илегалната миграција е голема криза и можеби најсериозниот тест за ЕУ во целата нејзина историја, нагласи чешкиот претседател и додаде дека можното решение за мигрантската криза е целосно затворање на надворешните граници на ЕУ.
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
