ЗЕЛС ќе избира ново раководство

Конститутивната седница на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија–ЗЕЛС денеска ќе се одржи во Скопје.
Според Статутот на ЗЕЛС, Генералното собрание се состанува во рок од три месеци по локалните избори. Генералното собрание е највисокото тело на Заедницата и избира членови на Управниот одбор, кој ќе одржи кратка седница на која ќе избере претседател на Управниот одбор, кој воедно е и претседател на ЗЕЛС.
Генералното собрание на ЗЕЛС го сочинуваат вкупно 90 делегати, а секој делегат има право на еден глас. Градоначалниците по функција се делегати на Генералното собрание, а претседателите на општинските совети се нивни заменици. Делегати на Генерално собрание се и девет членови од редот на членовите на Комитетот на советите при ЗЕЛС. Во ЗЕЛС членуваат сите 80 општини во државата и Град Скопје, како посебна единица на локалната власт.
Во случај на спреченост на делегатот, односно заменикот на делегатот да присуствува на седницата на Генералното собрание, делегатот може да овласти член на Советот на општината да го менува на седницата, со сите права и обврски на делегат. Ова овластување се потврдува во писмена форма.
На оваа седница делегатите на Генералното собрание на ЗЕЛС ќе ги избираат членовите на сите органи на ЗЕЛС: Управниот одбор, Надзорниот одбор и на Комитетот на Советите при ЗЕЛС. Управниот одбор брои 22 члена што ги избира Генералното собрание со мандат во траење од четири години. Членовите се градоначалници, како и тројца советници кои се избираат од редот на членовите на Комитетот на Советите.
Надзорниот одбор на ЗЕЛС има вкупно шест члена, кои ги избира Генералното собрание со мандат во траење од четири години. Еден од членовите на овој орган е истовремено и член на Комитетот на советите. Комитетот на советите има вкупно 9 члена и тоа, по еден претставник од осумте плански региони во земјата и член од Советот на Град Скопје кој по функција е член на Комитетот на Советите.
Досега функцијата претседател на Управниот одбор на ЗЕЛС ја извршуваше Коце Трајановски, а потпретседатели беа Зоран Дамјановски и Невзат Бејта.
Ново на Сител
-

Од 30 на над 200 елени: Успешната приказна на репродуктивниот центар во НП Галичица | ФОТО
-

Одложено судењето за екс претседателката на ДКСК Димитровска – Апелација сѐ уште не одлучила за надлежноста на обвинителството
-

Медведев со порака до Трамп: Побрзајте или Гренлад може да посака да се припои кон Русија
-

УЈП: До 15 јануари регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници
-

Почина Рејчел Нахмијас (108), најстарата битолска Еврејка која го преживеа Холокаустот
-

Усвоен Годишниот план за Праведна транзиција 2026: Фокус на работниците и отворање нови можности за вработување
-

Алонсо сам одлучи да го напушти Реал поради себичноста на играчите и отсуството на поддршка од раководство
-

Се намалуваат водостоите на реките
