Зеленски: Украинските сили водат жестоки битки во Бахмут

Украинските сили водат жестоки битки во важниот источен град Бахмут, кој Русите се обидуваат да го освојат, објави доцна синоќа претседателот Володимир Зеленски.
Иако украинските сили ослободија илјадници квадратни километри територија во неодамнешните офанзиви на југ и на исток, украинските власти претпазливо велат дека напредокот најверојатно ќе биде побавен бидејќи ќе наидат на порешителен отпор.
Руските сили веќе извесно време се обидуваат да го заземат Бахмут, на главниот пат меѓу Славјанск и Краматорск во Донбас, регион кој Русија го поседува, но сè уште не е целосно освоен.
„Заземаме позиции во Донбас, особено во Бахмут, каде што сега е многу, многу тешко. Се водат тешки борби“, рече Зеленски во видео пораката. Тој го повтори својот повик до западните сојузници да испратат повеќе противвоздушни системи додека Русите продолжуваат да истрелуваат ракети врз украинските градови и да користат ирански беспилотни летала.
Ново на Сител
-

Стевчо Јакимовски побарал одложување на затворската казна поради здравствени причини
-

Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без возачка дозвола
-

Изгласан законот: Тротинети ќе смеат да возат само лица над 18 години
-

Струшките пожарникари со апел за зголемена претпазливост од пожари на отворено
-

Велика Британија инвестира пет милијарди фунти во дронови и автономни системи
-

Како „Тикток“ и „Фејсбук“ го менуваат мозокот?
-

Државно финале на „Плазма - Спортските игри“: 600 млади се борат за пласман во Сплит
-

Дуња Иванова со највисок светски ранг во македонскиот велосипедизам
