Зеленски: Украина нема да се скрши и ќе го истурка руското зло од нејзината територија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање изјави дека „Украина нема да се скрши, ќе се спротивстави и ќе го истисне руското зло од нејзината територија“.
Тој рече дека „Украина несомнено ќе и одговори на Русија за секоја манифестација на нејзиниот терор“ и дека „терористите нема да ја скршат украинската волја за одбрана и заштита на сопствената земја и сопствената независност со сите расположливи средства“.
Според Зеленски, „на Украина и се потребни резултати секој ден – да ги спречи руските напади, да ги елиминира окупаторите и да оди напред“.
Тој посочи дека тоа ја зајакнува украинската држава, го мотивира светот да и помогне и докажува дека „рускиот терор не функционира“.
Украинскиот претседател, исто така, ги спомена и им се заблагодари на воениот персонал и единиците кои се истакнаа во борбените операции во текот на изминатата недела.
На крајот од своето обраќање, Зеленски рече дека разговарал со емирот на Катар и му се заблагодарил, меѓу другото, за неговата подготвеност да учествува на следниот состанок за украинската формула за мир, како и за „неговата непоколеблива поддршка за украинскиот територијален интегритет и суверенитет“.
Како што рече, двајцата разговарале и за посредување на Катар за ослободување на депортираните и заробени Украинци.
Ново на Сител
-

Во Македонија меѓу себе се бараат околу 90 илјади лица
-

Привремено одложена имунизацијата со БСЖ вакцината против туберкулоза поради несакани реакции во Хрватска
-

Остри реакции по најавата на Комората за кратење на празниците - против и МПЦ-ОА
-

Правилникот за боледување усвоен на УО на ФЗО - нема кратење на денови туку промена на медицинските критериуми
-

Мицкоски: Нема зголемување на старосната граница за пензионирање, ниту на придонесите
-

Светска банка ја зголеми прогнозата за растот на македонската економија на 3,2 отсто
-

Петрова ја прифати средбата со Муцунски - Скопје во Софија без очекувања
-

Артан Груби понуди гаранција од 335.707 евра за да му биде вратен пасошот
