Зеленски: Украина има мали шанси да издржи во војната против Русија без поддршка од САД

Украина има мали шанси да издржи во војната против Русија без американска поддршка, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по одделните телефонски разговори оваа недела меѓу американскиот претседател Доналд Трамп со него и со рускиот претседател Владимир Путин.
„Веројатно ќе биде многу, многу тешко.
Се разбира, во сите тешки ситуации имате шанса, но ние ќе имаме мала шанса да опстанеме без поддршката на Соединетите Американски Држави“, рече Зеленски во интервју за Ен Би Си Њуз.
Францускиот претседател Емануел Макрон го увери Зеленски дека „само Украинците можат да преговараат за цврст и траен мир“ со Русија.
„Ќе им помогнеме“, напиша Макрон на Икс по телефонскиот разговор со неговиот украински колега.
„Ако Доналд Трамп навистина може да го убеди претседателот Путин да ја прекине својата агресија против Украина, тогаш тоа би било прекрасна вест“, додаде тој.
Трамп рече дека не мисли дека е практично Украина да се приклучи на НАТО и дека е малку веројатно Украина да ја врати целата своја територија.
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
