Зеленски: Ситуацијата во Бахмут е се потешка
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа призна дека ситуацијата околу Бахмут, на истокот на земјата, се влошува.
-Ситуацијата станува се посложена, рече тој во редовното дневното обраќање до сонародниците. „Непријателот систематски уништува се што може да се искористи за заштита на нашите позиции“, додаде тој, нарекувајќи ги украинските војници кои учествуваат во таа битка „вистински херои“.
Руските сили од минатото лето се обидуваат да го заземат Бахмут, чија стратешка важност е спорна, но која стана симбол на борбата за контрола на Донбас, во источна Украина.
Водачот на проруските сепаратисти во регионот Доњецк (источна Украина), Денис Пушилин, вчера на руската телевизија изјави дека сите пристапни патишта до Бахмут се „во досегот на оружјето“ на проруските сили.
Руските сили со недели се обидуваа да го опколат Бахмут и успеаја да отсечат неколку главни патишта за снабдување на украинската армија. Командантот на руската паравоена група Вагнер, Евгениј Пригожин, во саботата тврдеше дека неговите луѓе влегле во селото Јахидње, во северното предградие Бахмут.
Ново на Сител
-
Обвинителството се спогоди со судијата Наќе Георгиев, доби казна затвор од три години и забрана за вршење професија
-
Поскапува мазутот, цените на бензините и дизелот не се менуваат
-
Приведено лице од кумановско поради фалсификување пари
-
Тошковски за бегството на Рамадани: СДСМ да престане со празни обвинувања, МВР постапи согласно законот
-
Сиљановска Давкова донесе одлука за ангажирање на Армијата во справувањето со кризната состојба поради пожарите
-
„Политико“: Шекеринска и Габриел кандидатки за заменички на генералниот секретар на НАТО
-
Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведени двајца дилери
-
МОН: Се унапредува процесот на одобрување учебници