Зеленски: Сирски има одврзани раце

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски, има одврзани раце за сите кадровски промени во армијата и во штабот.
Во редовното видео-обраќање, Зеленски рече дека на почетокот на следната недела, кога Сирски ќе се врати од линијата на фронтот, ги очекува неговите конкретни предлози за натамошни промени во армијата и планираните дејствија, пишува Украинска Правда.
- Сите украински команданти мора да го знаат фронтот, да го почувствуваат фронтот, вистинските потреби, мора вистински да бидат со војниците, наредниците, да бидат такви какви што мора да бидат за да се постигнат украинските цели, нагласи Зеленски.
Сирски вчера најави кадровски промени меѓу командантите на бригадите чии постапки, според него, претставуваат закана за животот и здравјето на подредените.
Ново на Сител
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
-

Почна расправата за Законот за јавни набавки
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Над 30 члена брои листата поканети говорници на надзорната комисија за Алта банка
-

Изгласан вториот ребаланс на буџетот
-

Трамп ја номинира адвокатката Кристи Меккормик за нова амбасадорка во Македонија
-

Нацрт-верзиите на Кривичниот Законик и Законот за кривична постапка отпатуваа за Брисел
-

До февруари „Сејф Сити“ низ цела држава – Годишно се очекуваат 10 милиони евра од казни во буџетот
