Зеленски се закани со напади врз Кремљ

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју „Шоуто на Аксиос“ се закани со бомбардирање на Кремљ, ако Русија не ја прекине војната против неговата земја.
– Прво, тие треба да знаат каде се нивните засолништа од бомби. Ако не ја завршат војната, ќе им бидат потребни, наведе Зеленски.
Тој додаде дека украинската армија веќе има дронови кои можат да летаат до 3.000 километри.
Кремљ е оддалечен од украинската граница околу 450 километри.
Зеленски во интервјуто истакна и оти се надева дека САД ќе ѝ обезбедат на Украина оружје со долг дострел. Тој истовремено ја исклучи можноста за напади врз цивилни цели, посочувајќи „не сме терористи“.
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија и поранешен руски претседател, Дмитриј Медведев остро реагираше на изјавата на Зеленски.
– Наркоманот во Киев рече дека Кремљ треба да знае каде има засолниште од бомби за да можат неговите жители да се кријат кога тој користи американско оружје со долг дострел. Она што треба да го знае изродот е дека Русија може да користи оружје и ниту едно засолништето од бомби нема да ја заштити (Украина). Американците исто така треба ова да го имаат предвид, објави Медведев на платформата Икс.
Во мај 2023 година, два дрона експлодираа над Кремљ, каде што се наоѓа канцеларијата на рускиот претседател. Тогаш Киев негираше каква било вмешаност во инцидентот.
МИА
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
