Зеленски: Само украинскиот народ ќе носи одлуки за територијата на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди американските претставници кои учествуваат во разговорите со Русија за ставање крај на војната во Украина да не прават неприфатливи отстапки во однос на окупираните украински територии, јави ДПА.
-Сите територии припаѓаат на обединетата држава Украина. Само украинскиот народ ќе носи одлуки во врска со нивната национална територија, рече Зеленски. „За нас е црвена линија да не признаеме ниту една привремено окупирана територија како украинска, туку да ја признаеме како руска“, додаде Зеленски.
Тој изјави дека американските претставници кажуваат работи кои се надвор од нивната надлежност. Неговото мислење веројатно е насочено против Стив Виткоф, специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, кој учествува во разговорите за Украина, забележува ДПА.
Виткоф минатата недела разговараше со рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург. Тој тогаш рече дека евентуалниот мировен договор ќе го реши и прашањето за таканаречените пет територии.
По анексија на Крим пред 11 години, Русија, исто така, ги прогласи регионите Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје во Украина за дел од руската територија во 2022 година. Со исклучок на Крим, Русија не контролира целосно ниту една од овие области.
Неодамна Сергеј Наришкин, шеф на руското надворешно разузнавање, изјави дека Киев мора да се откаже од овие територии.
Ново на Сител
-

Одземен пасош, забрана за работа и приближување за професорот пријавен за сексуално вознемирување
-

Иран нападна цели во Ирак, Бахреин, Оман и Израел
-

Николоски во Вашингтон: Инвестициите на коридорите во Македонија го комбинираат бизнисот и безбедноста
-

Речиси два пати помалку бебиња во 2024 отколку пред шест децении
-

Успешно евакуирана третата група македонски државјани од Блискиот Исток
-

Буџетот на Град Скопје на дневен ред на денешната седница на Советот
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Почнува реконструкција на спортската сала во кампусот на УКИМ во Скопје
