Зеленски: САД сигнализираат продолжување на мировните преговори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека од САД пристигнуваат сигнали за можно скоро продолжување на мировните преговори со Русија, но предупреди дека Москва не смее да влезе во процесот со засилена позиција.
– Во последните денови добиваме сигнали од американска страна дека преговорите би можеле да продолжат. Но, со каква позиција ќе дојде Русија – тоа зависи од сите нас – рече Зеленски во видео-обраќање до Европскиот совет.
Тој наведе пет фактори кои, според него, ја зајакнуваат позицијата на Русија, меѓу кои и растот на глобалните цени на нафтата поради кризата со Иран.
Дополнително, предупреди дека Москва може да процени дека Украина ќе се соочи со недостиг на противвоздушни ракети, поради нивната засилена употреба на Блискиот Исток.
Зеленски посочи дека 20-тиот пакет санкции на ЕУ против Русија е во застој, додека САД делумно ги олесниле санкциите, што, како што рече, носи дополнителни приходи за руската воена машинерија.
Како клучен фактор го наведе и застојот на европскиот пакет финансиска поддршка за Украина вреден 90 милијарди евра.
– Ова е од критично значење за нас – тоа е ресурс за заштита на животите – нагласи тој.
Според него, неизвесноста околу деблокирањето на оваа помош дополнително ја зајакнува позицијата на Москва.
Последната рунда трилатерални преговори меѓу Украина, САД и Русија се одржа во Женева на 17 и 18 февруари.
МИА
Ново на Сител
-

Без вода делови од Стајковци и Сингелиќ
-

Локални врнежи од дожд, снег на планините и пад на температурите
-

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа
-

Рубио: САД очекуваат воената операција во Иран да заврши за неколку недели
-

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, приведен осомничениот за стореното кривично дело
-

Burnout - Тивко Согорување | Розалија Секулоска | Sitel Podcast
-

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки
-

Хакерски упад во електронската пошта на директорот на ФБИ
