Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди одбивањето на Русија да спроведе прекин на огнот, оценувајќи дека таквата одлука „ја комплицира ситуацијата“ во остварувањето на мировниот план што го побара американскиот претседател Доналд Трамп по средбата со рускиот претседател Владимир Путин.
„Гледаме дека Русија одбива бројни повици за прекин на огнот и сè уште не утврдила кога ќе престане со убивањето. Тоа ја комплицира ситуацијата“, напиша Зеленски синоќа на социјалните мрежи. Ако Русија не е подготвена да спроведе едноставна наредба за прекин на своите напади, додаде украинскиот претседател, можеби ќе бидат потребни значителни напори за да се убеди Русија да спроведе нешто многу поважно – „мирен соживот со своите соседи во наредните децении“.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски: Владата работи на трајно решение за одблокирање на евроинтеграциите
-

Цената на суровата нафта „потона“
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски за МИА: Работиме на одржливо решение, кое нема повторно да создава ризици
-

Охрид полн со туристи но и со смет
-

Милионска санација за штипската болница
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
