Зеленски: Руската агресија нема да запре во Украина, на мета е цела Европа
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека мета на руската агресија е цела Европа и дека запирањето на инвазијата врз Украина е од суштинско значење за безбедноста на сите демократии.
Тој во своето обраќање истакна дека Русија нема намера агресијата да ја ограничи само на Украина, туку „целиот европски проект е мета на Русија“.
– Затоа не е само морална обврска на сите демократии, на сите сили на Европа, да ја поддржат желбата на Украина за мир. Ова е всушност одбранбена стратегија за секоја цивилизирана земја, нагласи Зеленски во обраќањето до јавноста откако Украинците продолжија да бегаат од источните делови на земјата.
Тој уште еднаш повика на ембарго на рускиот гас и нафта, што ги нарече извори на руската „самодоверба и неказнивост“.
– Слободата нема време за чекање. Кога тиранијата ќе започне агресија против сè што го штити мирот во Европа, тогаш мора итно да се преземат акции, порача претседателот на Украина.
Ново на Сител
-
Македонија ќе остане без матични лекари ако не се донесе итно системско решение
-
Идеите за градба не само во Охрид туку во целата држава според екологистите предизвикуваат свлечишта
-
Управата повторно ги отвора матичните канцеларии во селата
-
Преглед на вестите од светот
-
Движењето ЗНАМ ги објави кандидатите Максим Димитриевски за Куманово, Мирослав Лабудовиќ за Центар
-
Тема на денот со Јаким Неделков, претседател на СОНК
-
Седница на Комисијата за надзор на АНБ сепак ќе се одржи во среда
-
Кошта смета дека Македонија треба да добие гаранции за евроинтегративниот пат