-->
-->
Зеленски: Русија победи во Грузија, а истото ќе го направи и во Молдавија
-->
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Западот треба да признае дека Русија победи во Грузија и дека е подготвена да го стори истото во Молдавија, освен ако не се напушти западната реторика против преминувањето на црвените линии од страна на Москва.
„Мораме да признаеме дека Русија засега победува во Грузија. Прво презедоа дел од Грузија, потоа ја сменија политиката, владата.
А сега (Грузија) има проруска влада“, рече Зеленски во видео порака објавена денеска на англиски јазик. Тој додаде дека Русија е „на пат“ да го стори истото во Молдавија.
„И тие ќе го направат тоа, ако, се разбира, Западот не престане да зборува (против) преминувањето на црвените линии“, рече Зеленски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Продолжи судењето за убиствата на Вања и Панче, сведокот Гоце Трајковски се уште недостапен
-
Дел од Општина Ѓорче Петров без вода
-
30-дена притвор за Раде Штекли и уште девет лица
-
Американските „тиктокери“ губат потенцијални милиони долари со забраната
-
На автопатот Демир Капија - Неготино пронајдени шест мигранти
-
Ново рочиште за судењето за убиството на Вања и Панче
-
Биткоинот достигна рекордна вредност од над 109.000 долари во очекување на инаугурацијата на Трамп
-
ЦУК: Турски туристи спасени кај Кањонот Матка