Зеленски: Русија го одолговлекува процесот за прекин на огнот
– Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека намерно го одолговлекува процесот за постигнување мировен договор, пренесе ДПА.
„За жал, светот не слушна суштински одговор од Русија на предлогот [за прекин на огнот] веќе цел ден“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.
Претходно, тој изјави дека бил „детално“ информиран од украинската преговарачка делегација која се вратила од дискусиите со претставници на САД во Саудиска Арабија. „Ова уште еднаш го потврдува фактот дека токму Русија настојува да ја продолжи војната и се обидува максимално да го одложи доаѓањето на мирот“, рече тој.
Зеленски изрази надеж дека притисокот од САД ќе биде доволен за да ја натера Русија да ја прекине војната.
За време на преговорите со американската делегација во пристанишниот град Џеда, Киев се согласи на 30-дневен прекин на огнот.
Претставниците на Москва досега изразија скептицизам во однос на овој предлог.
Специјалниот пратеник на САД, Стивен Виткоф, денеска пристигна во Русија за разговори по ова прашање.
Ново на Сител
-
Без струја денеска дел од Бутел
-
Најмалку четири лица загинаа во нападот врз Мормонската црква во Мичиген
-
Почна дваесетдневната изборна кампања пред гласањето на 19 октомври
-
Во Иран погубен маж обвинет за шпионирање во корист на Израел
-
Орбан и Фицо со остри критики кон ЕУ: Брисел стана воен проект
-
Рама: Косово доброволно стана заложник на Србија
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
Постапки против дилери на марихуана во Велес и во Скопје