Зеленски: Русија го одолговлекува процесот за прекин на огнот
– Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека намерно го одолговлекува процесот за постигнување мировен договор, пренесе ДПА.
„За жал, светот не слушна суштински одговор од Русија на предлогот [за прекин на огнот] веќе цел ден“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.
Претходно, тој изјави дека бил „детално“ информиран од украинската преговарачка делегација која се вратила од дискусиите со претставници на САД во Саудиска Арабија. „Ова уште еднаш го потврдува фактот дека токму Русија настојува да ја продолжи војната и се обидува максимално да го одложи доаѓањето на мирот“, рече тој.
Зеленски изрази надеж дека притисокот од САД ќе биде доволен за да ја натера Русија да ја прекине војната.
За време на преговорите со американската делегација во пристанишниот град Џеда, Киев се согласи на 30-дневен прекин на огнот.
Претставниците на Москва досега изразија скептицизам во однос на овој предлог.
Специјалниот пратеник на САД, Стивен Виткоф, денеска пристигна во Русија за разговори по ова прашање.
Ново на Сител
-
Украл пари од апарати во обложувалница, па пријавил во полиција - Кривична за лице од прилепско
-
Kрадел нафта, моторни масла и други предмети - приведен 64-годишен маж
-
Во прекин сообраќајот на автопатот Тетово - Скопје
-
Рокас: ЕП е независна институција, не можам да дадам коментар, ниту предвидување за извештајот на Вајц
-
Гутереш по повод Светскиот ден на бегалците: Да избереме солидарност, храброст и човечност
-
Макрон: Нема оправдување за нападите врз цивилното население во конфликтот меѓу Израел и Иран
-
Судот во Струга го осуди градоначалникот Мерко со десет илјади евра парична казна
-
Повторно поскапува дизелот