Зеленски: Покажавме дека Русија може да биде запрена, но ни требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја му покажала на светот дека руската армија може да биде запрена.
Тој денеска во Вилнус ја започна посетата на балтичките земји за да побара дополнителна помош на Украина за војната со посилната и подобро снабдена руска армија.
Зеленски рече дека Украина треба да ја зајакне својата противвоздушна одбрана и да ги надополни резервите на муниција бидејќи нападите од долг дострел стануваат главна карактеристика на борбите оваа зима.
„Докажавме дека Русија може да биде запрена“, рече тој по разговорот со литванскиот претседател Гитанас Науседа.
Залихите на Украина беа значително потрошени за одбраната, откако Москва ги засили своите напади на 29 декември. Според Киев, до 2 јануари Украина била нападната со повеќе од 500 дронови и проектили.
„Нам ни се многу потребни современи системи за противвоздушна одбрана“, рече Зеленски, истакнувајќи дека тоа е најпотребно во моментов.
Сепак, тој додаде дека залихите се мали дури и во земјите што можат да ги обезбедат, а има многу безбедносни предизвици во светот.
Украина се надева дека ќе го забрза развојот на домашната наменска индустрија и ќе работи со странските сојузници за да го забрза производството на оружје и муниција.
Ново на Сител
-

До петок постудено со повремен дожд, а на планините снег
-

Револуционерно откритие од Јапонија: Создадена пластика која се раствора во морска вода за само неколку часа
-

Груби денеска излегува од куќен притвор
-

„Мета“ со нови ВИ-модели како соперници на „Опен-АИ“ и „Антропик“
-

Верстапен се искачи на второто место во историјата на Формула 1 по најмногу победи со еден тим
-

Изминатата седмица санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-

Обид за нов рекорд во пештерата Врело: Спелеонуркачи ќе истражуваат длабочини над 300 метри
-

Санкционирани 128 возачи, од кои 102 за брзо возење во акциска контрола во Скопје
