Зеленски по самитот во Париз: Русија не сака мир, туку уште територија
Украинскиот претседател Владимир Зеленски, по завршувањето на самитот во Париз на таканаречената коалиција на подготвените, изјави дека „Русија не сака никаков мир“.
Во Елисејската палата, повеќе од триесет сојузнички држави на Киев повеќе од три часа разговараа за финализирање на гаранциите за безбедност на Украина. Една од разгледуваните опции е распоредување на европски мировни сили во рамките на идна мировна спогодба со Русија – иако засега тоа е само хипотетска можност.
Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека Москва се обидува да ги одолговлекува преговорите за да заземе уште поголема територија во Украина.
Зеленски, исто така, предупреди дека евентуално укинување на санкциите кон Русија во овој момент би било „катастрофа за дипломатијата“.
Ново на Сител
-
Муртезани: Очекувам да расте бројот на пратеници
-
Мицкоски: Жалам за одлуката на Таравари
-
Прв состанок на националниот консултативен механизам за Реформската агенда
-
Струмица со план против загадениот воздух
-
Преглед на вестите од светот
-
Фетаи: Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило
-
Мицкоски најавува промени во Владата
-
Тема на денот со Весна Мојсова-Чепишевска