Зеленски: Операцијата во Курск има за цел создавање тампон-зона
Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека операцијата во руската област Курск има за цел „создавање тампон-зона“. Ова е првпат украинскиот претседател јасно да го посочи целта на нападите на руската територија, пренесува „Скај њуз“.
Претходно, Зеленски изјави дека операцијата, започната на 6 август, има за цел да ги заштити заедниците во пограничниот регион Суми од постојано гранатирање.
– Сега нашата примарна задача во одбранбените операции е да уништиме колку што е можно повеќе руски воен потенцијал и да спроведеме максимални контраофанзивни активности, појасни Зеленски во своето ноќно обраќање.
Според него, тоа вклучува создавање тампон-зона на руска територија. Зеленски додаде дека Украина „продолжува да нанесува загуби на Русија“. Тој тврди дека операцијата на Украина во областа Курск нанесува штета на „руската војска, државата, нивната одбранбена индустрија и економијата“.
Украинската војска на 6 август го нападна подрачјето на Курск, заземајќи, според Киев, 82 населени места и 1.150 квадратни километри, со што првпат војната се пренесе на руска територија.
Ново на Сител
-

Лични прозивки и сериозни обвинувања на седницата за поставување опозициски прашања
-

Герасимовски: ДУП-от за Барутана нема да оди на гласање без целосно да се испита теренот
-

На Инфективна почина 66 годишна пациентка со западнонилска треска
-

Запленети и безбедно уништени два тони небезбедна храна на зелениот пазар во Ченто
-

Бизнис Арена 2026: Како вештачката интелигенција како глобален предизвик влијае врз домашните компании?
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието
-

СДСМ: Власта ја пушти Михаилова да замине во Бугарија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја среди медицинската документација на Михаилова?
