Зеленски: Нападот на Добропилија во Доњецк покажува дека целите на Русија не се променети

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по рускиот напад врз градот Добропилија во Доњецк, во кој загинаа најмалку 11 лица, изјави дека таквите напади покажуваат дека целите на Русија не се променети и дека затоа е важно да се зајакне воздушната одбрана на Украина, како и да се заострат санкциите против Русија.
Тој нагласи дека сè што му помага на рускиот претседател Владимир Путин да ја финансира војната против Украина мора да биде блокирано.
Зеленски напиша на Фејсбук дека повеќе од 30 лица, меѓу кои пет деца, се ранети во нападот. Тој наведе дека се оштетени пет станбени згради, една управна зграда и едно противпожарно возило.
Зеленски рече дека руските сили истрелале две балистички проектили во центарот на градот Добропилија, а потоа уште една кон спасувачките служби кои пристигнале на местото на нападот.
Во регионот на Доњецк е прогласен ден на жалост за жртвите од синоќешниот руски напад врз градот Добропилија.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ останува наш приоритет, не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право
-

Поскапи горива од полноќ
-

Даночно затајување од 7,4 милиони денари, кривична за двајца управители
-

Романо: Мурињо и Реал се договорија
-

Парада на гордоста под слоганот „Сите нека знаат“ на 20 јуни во Скопје
-

ПОЦ воспоставува нов систем на паркирање во Центар
-

Криптовалутите под притисок: Биткоинот и алткоините губат од вредноста
-

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“
