Зеленски: Најмалку 500 украински деца загинаа во војната
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека најмалку 500 украински деца биле убиени во војната на Русија против неговата земја, која сега е веќе во 16-ти месец.
Тој го изјави ова набргу откако спасувачите од урнатините го извлекоа телото на двегодишното девојче, кое беше убиено во рускиот напад синоќа врз централниот град Днепар.
„Руското оружје на омраза кое продолжува да ги одзема и уништува животите на украинските деца секој ден уби стотици кои исчезнаа од почетокот на руската инвазија на 24 февруари 2022 година“, се вели во соопштението на украинскиот претседател.
„Многу од нив можеа да станат познати научници, уметници, спортски шампиони за да придонесат за украинската историја“, рекол тој.
Зеленски оценува дека е невозможно да се утврди точниот број на загинати деца бидејќи некои области се под руска окупација.
„Мораме да издржиме и да победиме во оваа војна. Цела Украина, целиот наш народ, сите наши деца мора да бидат ослободени од рускиот терор“, порачал Зеленски.
Регионалниот гувернер на Днипро, Серхиј Лисак соопшти дека пет деца се меѓу 22-та ранети во вчерашниот напад, кога беа оштетени две станбени згради.
Русите денеска изведоа нови напади со беспилотни летала и крстосувачки ракети, чија цел беа неколку области на земјата, вклучувајќи го и главниот град Киев.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека противвоздушните системи собориле три од петте дронови Шахид и четири од шестте истрелани крстаречки ракети.
Портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Ихнат изјави дека два проектили погодиле воена база во Кропивницки, град во централниот регион Кировохрад.
Руската војска соопшти дека во последните денови извршила серија напади врз противвоздушните системи, воздушните бази и воените складишта на Украина.
Нападите доаѓаат додека Украина се подготвува за долгоочекуваната контраофанзива кога се надева дека ќе ја врати дополнителната територија.
Ново на Сител
-
Власта и опозицијата побараа Ахмети да каже каде е Груби
-
По Буши, се проширува истрагата за кртовите на полициските акции
-
Мицкоски: Ќе се бара одговорност од членови на Судски совет според Устав и законите
-
Агелер за Судскиот совет
-
Работничка добила отказ бидејќи планирала да забремени со Ин витро – КСЗД утврди дискриминација
-
СДСМ: Ристовска треба да поднесе оставка, одлуката за Христовски ја поткопува довербата во ДКСК
-
Ако поскапат основните производи по само еден час ќе ги замрзнеме цените, рече Дурмиши
-
5те базени што ги гради државата ќе бидат готови до крајот на летото