Зеленски: Мировните преговори мора да донесат траен мир

Секој чекор од мировниот процес предводен од САД за Украина мора внимателно да се разгледа за да се обезбеди траен мир и безбедност, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од ДПА.
„Украина работи што е можно поконструктивно“, нагласи Зеленски во соопштение објавено на Телеграм.
Претходно тој се обрати преку видео врска до учесниците на Четвртиот парламентарен самит на Кримската платформа во Стокхолм. Зеленски рече дека е од витално значење да се поддржат принципите за кои се залага Европа: „границите не можат да се менуваат со сила; воените злосторници не треба да избегаат од правдата; агресорот мора целосно да плати за војната што ја започнал“. Затоа, одлуките за замрзнатите руски средства се од суштинско значење, додаде украинскиот лидер.
Зеленски ги даде овие забелешки откако американските, европските и украинските претставници се состанаа вчера во Женева за да разговараат за новиот предлог на САД за прекин на конфликтот.
Оригиналниот план од 28 точки, што бараше Киев да отстапи огромни делови од територијата на Русија и да ја ограничи големината на својата армија, беше критикуван од европските сојузници на Украина.
Меѓутоа, американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека во Женева е постигнат „значаен“ напредок. По консултациите, преговарачите од САД и Украина изготвија ревидирана мировна рамка.
МИА
Ново на Сител
-

Приведени сопружници во Неготино, обвинети за физички напад врз неговиот татко
-

Нема седмица без радост од голема добивка на инстант лотарија
-

Приведен возач во светиниколско, возел 137 километри на час на место каде дозволено е 50
-

Маж од струмичко ја избодел сопругата со нож и се обидел со шприц насилно да и стави непозната течност во устата
-

Уапсени пет лица на територија на СВР Струмица, пронајдена дрога, воздушна пушка и пиротехнички средства | ФОТО
-

Уапсени двајца Грци за фалсификувани уметнички дела, запленети над 450 слики
-

АХВ спроведува вонредни инспекциски контроли во кујните на 9 основни училишта во Општина Карпош
-

Состанок во ЦУК поради лизгање на земјиште во близина на улиците „Белградска“ и „Патеније Зографски“ во Скопје
