-->
-->
Зеленски: Крим и припаѓа на Украина
-->
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека „Крим ќе остане со Русија“, истакнувајќи оти полуостровот и припаѓа на Украина.
„Нашиот став е непроменет: само украинскиот народ има право да одлучи кои територии ѝ припаѓаат на Украина. Според Уставот на Украина сите привремено окупирани територии … ѝ припаѓаат на Украина, на украинскиот народ“, наведе Зеленски.
Тој додаде дека се согласува со Трамп дека „денес немаме доволно оружје за да ја вратиме контролата врз Кримскиот Полуостров“.
Изјавата на Зеленски уследи откако Трамп во интервју за Тајм, објавено денеска, изјави дека „Крим останува со Русија“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ново судење за убиставата на Вања и Панче
-
Дали е потребен закон за Уставен суд?
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Отворен меѓународен тендер за изградба на интерконекција меѓу Македонија и Албанија
-
Треба да се работи на патната инфраструктура
-
Во општина Василево формирано доброволно противпожарно друштво
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции