Зеленски ја отфрли идејата на Путин за средба во Москва: Тој „може да дојде во Киев“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли идејата на Владимир Путин за билатерална средба во Москва објави Укринформ, повикувајќи се на интервју што Зеленски го даде за американскиот телевизиски канал Еј-Би-Си Њуз.
- Тој може да дојде во Киев. Не можам да одам во Москва кога мојата земја е под ракетни напади, под напади секој ден. Не можам да одам во главниот град на овој терорист, рече Зеленски.
Според него, предлогот на Путин всушност имал за цел одложување на нивната средба.
Зеленски нагласи дека е подготвен за средба во која било форма. Според него, Путин „си игра со САД“.
- Ако некој не сака да се сретне за време на војна, секако, може да понуди нешто што не би било прифатливо за мене или за другите, истакна украинскиот претседател.
Путин вчера изјави дека е подготвен да се сретне со Зеленски, а Москва е најдоброто место за можна средба меѓу двајцата.
МИА
Ново на Сител
-

Собранието обоено во портокалова боја по повод светската кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“
-

Пожар во близина на црквата „Свети Спас“ во Стара Чаршија
-

Русија го блокира „Снепчет“
-

Меланија Трамп: Уште седум украински деца вратени од Русија
-

После две години скопјани добиваат субвенции за инвертер клима уреди
-

Мицкоски: И утре да ги внесеме Бугарите во Устав, прашање е само дали за 3, 6 или за 9 месеци ќе имаме нов услов
-

Германија вети уште 100 милиони евра помош за украинскиот енергетски сектор
-

Намалена видливост поради магла до 50 метри на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и во Крушево
