Зеленски и се заблагодари на ЕУ за финансискиот пакет од 90 милијарди евра

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им се заблагодари на европските лидери по нивниот договор за дополнително финансирање на неговата земја.
– Ова е значајна поддршка која навистина ја зајакнува нашата отпорност, напиша тој во објава на X.
Зеленски истакна дека „е важно руските средства да останат замрзнати“ и Украина да добие финансиски гаранции за наредните години.По неколку месечен спор, земјите-членки на ЕУ рано утрово постигнаа компромис за финансирање на Украина во наредните две години, но без да го преземат контроверзниот чекор за директно користење на замрзнатите руски средства, пренесе ДПА.
Според договорот, Украина ќе добие бескаматен заем од 90 милијарди евра. Ако Русија не плати обесштетување за воените штети, замрзнатите руски средства во ЕУ ќе се користат за отплата на заемот.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
