Зеленски го смени украинскиот амбасадор во Велика Британија, Вадим Пристајко
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го смени амбасадорот во Велика Британија, Вадим Пристајко, пренесоа британските медиуми.
Во уредбата на претседателот не се посочуваат причините за смената, но се наведува дека Присајко е отстранет и од функцијата украински претставник во Меѓународната поморска организација.
Велика Британија е силен сојузник на Киев по инвазијата на руските сили врз Украина во февруари минатата година.
Амбасадорот Пристајко неодамна упати критика кон украинскиот претседател, изразувајќи жалење за неговите „саркастични” коментари за британскиот министер за одбрана, Бен Волас, кој побара од украинското раководство поголема благодарност за воената помош, што сојузниците му ја даваат на Киев, забележаа француските медиуми.
Ново на Сител
-
Турчин тешко повреден додека работел во фабрика во неготинско
-
Нестабилно време со повремен дожд и грмежи до крајот на неделава
-
Жена од Штип удрена од возило без возач кое само тргнало од паркинг местото
-
Нова германска донација за пожарникарите доброволци на ДПД Кoчани
-
По пошта од Канада во Грција им стигнале 62 килограми канабис – уапсени две лица
-
Починa aмериканскиот глумец Едвард Фолкнер
-
„Покемон“ новитети: „Поке-бол“
-
Принцот Вилијам и принцезата Кејт ги предводеа кралските почести за тригодишнината од смртта на кралицата