Зеленски го повика Вашингтон да го зголеми притисокот врз Русија за време на посетата на Виткоф на Москва
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика денеска Вашингтон да го зголеми притисокот врз Русија за да ја принуди да ја прекине инвазијата врз Украина.
Украинскиот лидер ја даде изјавата во момент кога претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, пристигна во Москва.
„Многу е важно да се зајакнат сите лостови што им се достапни на САД, Европа и Г7. Кремљ „искрено ќе сака да ја запре војната кога ќе почувствува соодветен притисок“, напиша Зеленски на социјалните медиуми.
Зеленски, исто така, рече дека Русија нападнала складиште за гас во јужниот регион Одеса за да ги попречи подготовките за грејната сезона.
„Ова е намерен напад врз нашите подготовки за грејната сезона, апсолутно циничен, како и секој руски напад врз енергетскиот сектор“, напиша Зеленски на Телеграм.
Претходно, регионалниот гувернер на регионот Одеса, Олег Кипер соопшти за нападот, прецизирајќи дека на местото избувнал пожар.
„Во моментов се работи на испуштање гас од системот. Како резултат на оштетувањето на главниот гасовод, 2.500 потрошувачи се привремено исклучени од системот“, напиша Кипер на Телеграм.
МИА
Ново на Сител
-
Во Црна Гора и натаму активни повеќе пожари, но без нови жаришта
-
Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот
-
На пешачки премин удрено 9-годишно девојче
-
Во домот на 16-годишник пронајдени марихуана, кокаин, пиштол и куршуми
-
ЦУК: Осум активни пожари, се уште активен пожарот во резерватот Јасен
-
Kуче врзано влечено со автомобил па фрлено во речно корито во Крива Паланка, го спасиле пожарникари | ФОТО
-
Уште еден случај на затруено дете во Куманово